Четириесет и пет македонски државјани се сопственици на 55 имоти во Дубаи чија вредност е проценета на 14 милиони долари покажуваат последните документи кои протекоа од архивите на Обединетите Арапски Емирати.
Податоците, кои датираат од 2020 година, ги доби американскиот Центар за напредни одбранбени студии, непрофитна организација која го истражува меѓународниот криминал и конфликти и кој го сподели норвешкиот финансиски центар „Е24“, кој ја координираше истрагата за недвижниот имот.
Во протечените документи сепак ги нема имињата на македонските државјани кои се сопственици на имот ниту пак е наведено дали станува збор за вили, станови, згради, деловен објект, или пак хотели хотелски соби или апартмани.
Она што е познато е дека просечната вредност на имотите е 258 илјади долари, повеќето се под таа вредност а вкупната вредност на имотот изнесува 0,11 отсо од македонскиот БДП во 2020 година.
Државните институции немаат прецизна бројка колку македонски државјани поседуваат имот во Дубаи и која е нивната вредност а тоа се должи на фактот што голем дел од нив се купени со трансакции од сметки во странство.
Од Управата за финансиско разузнавање соопштија дека согласно законот за спречување перење пари прибираат информации и кога има сомневање постапуваат.
Согласно законот за спречување перење пари и финансирање тероризам обврзани субјекти за доставување на информарции се банки, менувачници, штедилници, адвокати, нотари. Станува збор за трансакции над 15 илјади евра во кеш или солемизација на имоти со вредност над 15 илјади евра. Таму каде што има сомнение за купување на имоти со средства кои се стекнати на нелегален начин, Управата за финансико разување постапува. Информации кои стигнуваат до Управата се од разузнавачки карактер и за истите Управата не може да ја информира јавноста.
На листата се над 800 илјади имоти во Дубаи кои ги поседуваат 274 илјади странски државјани а чија вкушпна вредност е проценета на 533 милијарди долари.
Огнен Чанчаревиќ











