Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски државјанин убиен во Бугарија, 14-годишниот убиец е во притвор

/

пред 1271 дена

Сподели преку :

Четиринаесетгодишник до смрт претепа 49 годишен македонец во Бугарија, во Сончев Брег. Според бугарската полиција телото на починатиот било пронајдено во шумска област со видливо повреди на главата.

Според истрагата македонскиот државјанин во земјата влегол на 24 јануари. По спроведените истражни мерки се дошло до сознание дека извршител на делото е 14 годишник  од Несебар.

Убиството го извршил со удар со остар предмет. Причините за сега не се познати.

Малолетникот во моментов е во притвор во Несебар, соопштија од бугарското Министерство за внатрешни работи од каде додеаваат дека во моментов се разгледуваат снимките од надзорните камери. Првите индиции се дека се работи за грабеж.