Претходното раководство на Македонски пошти планирало централната зграда да ја издаде за ресторан со кабаре, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Ревизорите утврдија дека Македонска Пошта е загуба со милионски долгови, ама директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата.
„Според законот во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции предвидени со менаџерскиот договор може да се намалат“ се вели во извештајот за работата на Поштата во 2023.
Од 2017 година па навака, Македонска пошта работи со загуби, при што најголемата загуба е евидентирана во 2022 година во вредност од 3,7 милиони евра. Според ревизорите загубите се должат на неплатени кредити, заеми и сметки за струја.











