Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски почина на 65-годишна возраст

/

пред 93 дена

Сподели преку :

По кратко боледување почина македонскиот поп-пејач и композитор Владо Јаневски имаше 65-години

Владо Јаневски има издадено шест студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Тој има завршено Филолошки факултет, отсек англиски јазик и литература.

Членувал во музичките групи Тост сендвич, Бон Тон, Фотоморел, Ластовица. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален претставник на Македонија на Избор за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирминген во 1998 година.

Во март,  тој ѝ беше гостин на хрватската пејачка Весна Писаровиќ на нејзиниот концерт во  Македонската филхармонија. Претходно на 14 февруари Јаневски одржа заеднички концерт со Момчило Бајагиќ – Бајага во Скопје, а настапи на последната „Златна бубамара на популарноста“.

Дел од пријателите веќе се збогуваат со него на социјалните мрежи.