Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот

/

пред 203 дена

Сподели преку :

И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена од страна на ОКТА, од „Макпетрол“ велат дека до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на кое би се промениле договорните услови помеѓу двете компании.

„Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во полна сума, односно без најавениот попуст. Во однос на соопштението испратено до јавноста од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ), „Макпетрол“ смета дека ова тело со ваквото укажување до трговците излегува надвор од своите овластувања и професионалните стандарди“, се наведува во соопштението на „Макпетрол“.

„Макпетрол“ уште еднаш нагласува дека ова не е вистинското решение за конкретната ситуација за што потврда се доби и преку зголемените цени кои денес ги објави РКЕ.

„Како што укажавме, огромна е веројатноста цените на суровата нафта и понатаму да растат. Тоа значи дека ако не се направат соодветни решенија штети ќе трпат и граѓаните и целата економија“, додаваат од компанијата.

Според „Макпетрол“, најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни е замрзнување на набавните цени на нафтените деривати, а со тоа и на малопродажните цени, како што е пракса во регионот и во Европа.