Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон доби „корпа“ и од Бајден – Белата куќа со став дека САД нема да праќаат војници во Украина

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави нема да испраќаат свои војници да се борат во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

„Американскиот претседател Џо Бајден изнесе јасен став дека САД нема да испраќаат свои војници да се борат во Украина“, рече Едриен Вотсон, портпаролот на националниот Совет за безбедност.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера рече дека не може да ја отфрли можноста за испраќање на војници како помош за Киев и побара од западните лидери да сторат се што можат за Русија да не победи во војната.

Прашањето за испраќање на војници, Макрон го изнесе на вчерашниот состанок на 25 европски лидери во Париз, но повеќе сојузници во НАТО денеска ја отфрлија таква можност, меѓу кои се Германија, Полска, Чешка, но генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг.