Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Макрон: Франција не учествува во „Проектот Слобода“

/

пред 154 дена

Сподели преку :

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на заедничко отворање на Ормуската Теснина со договор меѓу Иран и САД.

Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница  во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што го објави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Нема да учествуваме во нешто што не е јасно“, нагласи Макрон.

Осврнувајќи се на ситуацијата на Блискиот Исток, тој исто така оцени дека е клучно да се почитува прекинот на огнот меѓу Израел и Либан.

„Ова е обврска што ја презедоа страните, и го кажувам ова заради суверенитетот, независноста на Либан и заштитата на цивилното население“, рече Макрон.

САД ја стартуваат операцијата „Проект Слобода“-деблокирање на Ормускиот Теснец