Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на итен неформален состанок на европските лидери во Париз за Украина. На средбата ќе присуствуваат лидерите на Германија, Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска, како и претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО.
Целта на состанокот е да се утврди што Европа може да направи сама во контекст на брзите настани во Украина и на иницијативите на американскиот претседател Трамп.
Средбата се одржува во чувствителен момент кога Трамп ја критикува ЕУ и размислува за директни преговори со Русија. Европските лидери изразија загриженост дека може да бидат исклучени од преговорите за Украина, додека украинскиот претседател Зеленски ги повика сојузниците да спречат било какви договори донесени зад грбот на Украина и Европа.











