Досегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вториот круг на локалните избори прогласи победа наспорти независниот кандидат Горан Стојковски Диро.
Тој на прес-конференција на кумановскиот плоштад испрати поздрави до граѓаните кои го гласале и најави дека во наредните четири години ќе продолжи да создава поубав град за сите.
Победата му ја честитал и Стојковски кој досега беше против кандидат на Димитриевски.











