Мал е бројот на институции од јавниот сектор кои солидно го почитуваат начелото за соодветна и правична застапеност на етничките заедници при вработувањата, за разлика од оние институции што не се придржуваат до законските норми. Според Посебниот извештај, изработен за 2023 година од канцеларијата на Народниот правобранител, во институциите, установите, локалната самоуправа и кај субјектите формирани од неа, вработени се македонци или евентуално од втората по големина -албанската етничка заедница, а од ромската, турската и бошњачката заедница, што се помали, нема или има многу мал број вработени во јавниот сектор. Постои мала процентуална застапеност на помалите етникуми и во раководниот кадар на институциите, кажа Народниот правобранител, Насер Зибери.
„Да речеме, МАНУ , од 91 вработен, 90 се Македонци, само еден е Албанеци ниту еден од друга етничка заедница. Можам да ги спомнам и јавните, државните претпријатија , како што е МЕПСО, како што е ЈП за спопанисување со станбен и деловен простор , каде што етничката застапеност е крајно непочитувана и таа е под 10%, односно само 6% на албанската етничка заедница. Под 1% на турската етничка заедница и т.н. Не е подобра состојбата ни во Врховниот суд. Не е подобра ситуацијата и во Кабинетот на претседателот на државата и во самиот Секретаријат на владата. Народниот правобранител упатува јавна критика која се однесува на недоволниот број, на застапеност на лица од немнозински заедници на раководни места, албанската (18 посто), турската (1,6 посто) а посебно ромската етничка заедница, односно од вкупниот број на лица на раководни работни места во јавниот сектор само 0,3% се Роми, назначени на раководна позиција“, кажа Народниот правобранител, Насер Зибери.











