Две лица се уапсени за убиство на девојчето Данка Илиќ, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и додаде оти го признале убиството.
„Имам лоши вести за ова дете, за нашата Данка од Бор. Полицијата уапси две лица кои извршиле убиство на малата Данка и колку што сфатив, двајцата признале. Со какви монструми си имаме работа“, соопшти Вучиќ на вонредна седница на владата.











