Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малиновски: Државниот јавен обвинител треба да се бира со двотретинско мнозинство, но ниту една власт досега не посегнала по таква интервенција

/

пред 216 дена

Сподели преку :

Идејата за двотретинско гласање при изборот на државен јавен обвинител одамна се провлекува и таа е доста квалитетна сугестија, меѓутоа ниту една власт која го носи законско решение не посегнува по таква интервенција, изјави адвокатот Драган Малиновски во вечерашната дебата во  „Вин-Вин“ на ТВ Телма.

„Тоа е добро од една едноставна причина. Прво, за да биде избран ќе треба да биде прифатлив за поширокиот дел од политичкиот спектар. И второ што е поважно, ќе даде една стабилност на државниот обвинител додека го извршува својот мандат да не може, ако некому не му се допадне некое решение или постапка, веднаш да биде разрешен од функцијата“, смета Малиновски.

С.Д.