Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маричиќ: Вистинското прашање е зошто во 8 години немавме ниту една правосилна пресуда

/

пред 1070 дена

Сподели преку :

На прашањето зошто не го почекале носењето на новиот Кривичен законик, наместо да ги прават измените кои предизвикаа бурни реакции, Маричиќ рече дека има простор да се донесат овие измени и да имаме нов Кривичен законик кој што ќе бил пофункционален.

На сегашната казнена политика се виде дека ѝ требаат корекции, ѝ требаат допрецизирања и тоа треба да се направи. Кога? Кога ќе го достави Министерството за правда законот спремен, рече Маричиќ.

Според Маричиќ, досегашното високо ниво на казни предизвикало една поголема неефикасност во пресудувањето и во решавањето на тие случаи, и поради тоа најверојатно биле предложени таквите измени.

Јас мислам дека нема простор, дека нема грешка, или нема слабост која што ќе ја препознаеме што не можеме да ја адресираме во текот на преговарачкиот процес. И тоа треба да го направиме, порача маричиќ.

36 судски предмети со 197 обвинети за злоупотреба на службена положба во скопскиот Кривичен суд се засегнати со измените на Кривичниот законик, дел ќе застарат, дел ќе треба да се преквалификуваат, оцени претседателот на Кривичниот совет Иван Џолев. Маричиќ го повтори владиниот став дека станува збор за усогласување со европското законодавство.

Тоа дефинитивно се усогласувања со европското законодавство, барем во одреден дел, не во овие членови, меѓутоа во други членови. Имаме и табела која ја доставивме и јас ја објаснив во директоратот за правда, минатата недела во Брисел. Јас мислам дека вистинското прашање до кривичниот суд и до апелација, и до целиот судски систем зошто во 8 години немаме правосилна пресуда во ниту еден. Тоа не е одбегнување, тоа според мене е вистинското прашање. Овие предмети да беа до сега правосилно завршени воопшто немаше да биде тема Кривичниот законик, оцени Маричиќ.

Вицепремиерот инсиситира дека владата немала никакви други мотиви за измените на Кривичниот законик освен тие што веќе јавно повеќе пати ги објасниле.