Извештајот на државниот Пазарен инспекторат покажува дека маржата за основните прехранбени производи, како леб, млеко, масло за јадење, во маркетите е над 20 проценти, а кај основните непрехранбени производи (средства за лична хигиена, итн.) е 30 проценти, соопшти владината портпаролка Марија Митева на прес-конференција попладнево.
До петок, како што додаде, е предвидено да се направи дополнителна контрола кај производителите на млеко и млечни производи и меси и месни производи.
Кај увозниците-дистрибутери, рече Митева, се утврдени поголеми маржи во трговијата на големо кои, како што нагласи, се движат и до 50 проценти.
„Ценам дека овие показатели беа причина за владата да ја преземе мерката за ограничување на маржите“, додаде Митева.











