Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Марко Рубио стана администратор на УСАИД

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, со наредба на претседателот Доналд Трамп, ја презел функцијата в.д. администратор на американската Агенција за меѓународен развој УСАИД. Со тоа, дефакто се потврдува преземањето на УСАИД од Стејт департментот.

Како што јави „Си-Ен-Ен“, веста доаѓа неколку часа откако милијардерот Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.

Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“.