Семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ и денеска ќе маршираат низ градот.
Маршот започнува од 16:05 часот, со тргнување од Паркот на револуцијата.
Во соопштението на здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ пишува дека 40-ти пат ќе чекорат заедно. „Една година бараме вистина. Една година бараме одговорност. Една година чекаме вистинска правда. И нема да застанеме. Ќе чекориме сè додека не ја добиеме правдата што нашите деца ја заслужуваат“, велат семејствата.
На маршот ќе зборуваат за прашањата што останаа без одговор, за тишината што премногу долго трае и за вистинската причина за смртта на нивните деца.











