Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Mасовен глад“ се шири низ Газа, предупредуваат хуманитарните организации- 17 убиени во утринските воздушни напади на израелската војска

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Повеќе од 100 хуманитарни агенции предупредуваат дека „масовен глад“ се шири низ Газа. Тие го обвинуваат Израел за „опсада“ и велат дека Израел не дозволува дистрибуција на храна во Газа.

Во соопштението на агенциите се вели дека „сведоци се како нивните колеги и партнери пропаѓаат пред нивните очи“.

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти дека 33 лица починале од неухранетост за 48 часа.

Израел – кој ги контролира сите гранични премини во Газа – вчера соопшти дека „моментално во Газа чекаат помош од 950 камиони за меѓународните организации да ја дистрибуираат“.

Аларматна ситуација во Газа – се затвораат народните кујни поради недостиг на храна

Најмалку 17 Палестинци, вклучувајќи четири деца и едно бебе, се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа од раните утрински часови, известува портпаролот на Цивилната одбрана во Газа, предводена од Хамас.

Портпаролот вели дека три одделни воздушни напади биле насочени кон два станбени објекти и еден шатор, што резултирало со смрт на 17 лица, вклучувајќи осум членови на едно семејство.

Други 24 лица биле ранети во нападите, додава тој.

Екипите за пребарување и спасување сè уште ги извлекуваат телата и им помагаат на повредените на местата на нападите, вели портпаролот.

Израелската војска досега не коментирала за инцидентите.