Четири лица загинаа, а 17 други се повредени откако поголема група отвори оган во популарно место за ноќен живот во Бирмингем, Алабама.
Престрелката се случила нешто по 23 часот, а полицијата тврди дека пукањето било насочено кон едно од сега убиените лица.

Масовното пукање, едно од неколкуте оваа година во градот, ги вознемири жителите во областа и ги остави градските власти да молат за помош и за решавање на злосторството како и на поширокиот проблем со оруженото насилство.

„Приоритет е да ги пронајдеме напаѓачите и да ги тргнеме од нашите улици“, рече градоначалникот на Бирмингем, Рандал Вудфин.
Началникот на полицијата во Бирмингем, Скот Турмонд, изјави дека властите веруваат дека пукањето било насочено кон едно од лицата кои биле убиени, веројатно во убиство на наем.

Тој рече дека од озилот излегле „повеќе напаѓачи“ и почнале да пукаат, а потоа избегале од местото.











