Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Матурантите полагаат втор екстерен испит

/

пред 504 дена

Сподели преку :

Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит од државната матура кој е изборен, а најмногу пријавени има за тестот по англиски јазик – 13.457 ученици. За математика се пријавиле 1.246, а за други предмети како германски, француски, филозофија и други бројот е значително помал.

Првиот екстерен испит по мајчин јазик и литература се одржа на 31 мај, а за него беа пријавени над 14.000 ученици. Министерката за образование Весна Јаневска оцени дека бројот на ученици кои препишувале е значително намален благодарение на засилените контроли.

Вкупно за државната матура се пријавени 15.004 кандидати. Учениците кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе можат да полагаат повторно во август.