Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж убиен, жена повредена – пукање во парк во Лондон

/

пред 393 дена

Сподели преку :

Машко лице е убиено, а женско е повредено во пукање што се случи во Клисолд парк во источен Лондон. Жената на возраст од 40-тина години се здобила со прострелни рани и била згрижена од Итната медицинска помош.

Во болница завршил и мажот, но набрзо по приемот бил прогласен за мртов. На местото на инцидентот било пронајдено огнено оружје за кое полицијата верува дека е користено во нападот.

„Сè уште сме во рана фаза на истрагата, но веруваме дека мажот и жената се познавале. Моментно случајот го третираме како изолиран инцидент и нема поширока опасност по јавноста. Паркот денеска ќе биде затворен за пшосетители“, изјави полициски службеник.