Британската полиција уапси маж откако автомобил влетал во влезната капија на Бакингемската палата во центарот на Лондон. Сведоци тврдат дека слушнале гласен удар.
Осомничениот е хоспитализиран. Во тек е истрага за фактите и околностите на случајот.
Според соопштението на Бакингемската палата, во моментот на инцидентот немало членови на кралското семејство, а оштетувањата моментално се санираат.











