Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мажоретки, лебеди, печалбари, верверици… – над 20 групни маски на карневалот „Прочка“ во Прилеп

/

пред 231 дена

Сподели преку :

Околу 20 групни маски од земјава и од странство продефилираа на јубилејниот 25-ти карневал „Прочка“ во Прилеп, што денеска се одржа во центарот на градот.

Мажоретки, лебеди, печалбари, верверици, „Обединета Европа“ и „Пепелашка“ создадоа весела, атмосфера пред бројната публика.

Карневалот традиционално го отворија прилепски мечкари кои годинава одбележуваат 100 години постоење како организирана група. Во присуство на претставници Европската карневалска асоцијација беше испратена порака за простување и заедништво по повод празниот Велики поклади – Прочка.

Градоначалникот Дејан Проданоски порача дека општината ќе продолжи да го враќа сјајот на карневалот, а за најуспешните маски беа доделени и пригодни награди.