Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, објави градоначалникот на Битола, Коњановски

/

пред 127 дена

Сподели преку :

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, случајот бил пријавен утрово околу 9:30 часот. За настанот информира градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на Фејсбук.

„Утрово околу 9:30 е пријавено дека мечка нападна стадо со овци во атарот на село Крклино, под манастирот во близина на каналот на хидросистемот Стрежево, при што една овца настрадала. Сопственикот на стадото го пријавил настанот во СВР Битола, а и јас контактирав и со него и со СВР Битола од каде ме информираа дека екипа излегла на лице место, направила увид и го документираше настанот“, напиша Коњановски на Фејсбук.

Градоначалникот на Битола објави дека е информиран и Центарот за управување со кризи и инспектор за лов при државниот инспекторат за шумарство и ловство при Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.