Демократската Унија за Интеграција и Али Ахмети се најголеми губитници на овие избори, рече Изет Меџити, градоначалник на Чаир, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма.
„Од 13-14 општини кои ги раководеа, сега имаат само четири рурални општини каде што нема семафор. Скроз се рурални и едната е на едниот крај, а другата на другиот крај на државата. Тоа е почеток на крајот на ДУИ“, изјави Меџити.
С.Д.











