Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меџити: Отпочнати се преговори со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, очекувам интензивирање и резултати во наредниот период

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Отпочнати се преговори со бугарската страна за деблокада на евроинтегративниот процес на земјава, истакна Изет Меџити, градоначалник на Чаир, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма.

„Од наша страна гледам дека има волја и позитивна енергија да седнеме, да преговораме ида најдеме заедничко решение. Очекувам и се надевам дека и од бугарска страна ќе биде исто“, вели Меџити.

Меџити не сакаше да лицитира со датуми и рокови. Потенцира дека најврвен приоритет на Влен е европската  интеграција на Македонија.

„Во се друго да бидеме добри, ако во ова не чекориме, ние не можеме да го оцениме како успешно владеење или успешен процес“, нагласи Меџити.

С.Д.