А изјавите на Трамп дека Зеленски е диктатор не останаа без коментар и од руска страна.
Заменик претседателот на рускиот совет за безбедност кој пред Путин беше и претседател на земјата во периодот од 2008 – 2012 година, Дмитриј Медведев на социјалната платформа „Х“ напиша дека Трамп со ваквите коментари е 200 отсто во право.
„Да ми кажеше некој пред само три месеци дека тоа се зборови на претседателот на САД, ќе се насмеев гласно“, додава тој во својот коментар.











