Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас, Синвар

/

пред 885 дена

Сподели преку :

Доказите за воени злосторства се собрани – ова го тврдат од Меѓународниот кривичен суд, за случувањата во Израел, Газа и на Западниот Брег. Истрагата продолжува, од институцијата веќе побараа апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и шефот на Хамас, Јахја Синвар.

Оиве информации ги даде обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, во опсежната изјава на официјалната веб-страница на институцијата.

Покрај Нетанјаху и Синвар, Судот побарал апсење и на израелскиот министер за одбрана Галант, како и други двајца водачи на Хамас.

Од канцеларијата на обвинителот Карим Кан од Меѓународниот суд, велат дека има разумни основи да се верува дека сите лица од Хамас, за кои е побарано апсење, се кривично одговорни за убиството на стотици израелски цивили во нападите на 7 октомври.

Премиерот на Израел, се товари за воени злосторства на територијата на Палестина. Според сознанијата на институциите, кривична одговорност има за нехумани дела како злосторства против човештвото, изгладнување на цивили како метод на војување, намерно предизвикување големо страдање и намерни напади врз цивилно население.

  • „Денеска уште еднаш нагласуваме дека меѓународното право и законите за вооружен конфликт важат за сите. Ниту еден пешак, ниту командант, ниту еден цивилен лидер – никој не може да дејствува неказнето. Ништо не може да го оправда намерното лишување на човечките суштества, вклучително и толку многу жени и деца, од основните потреби потребни за живот. Ништо не може да оправда земање заложници или таргетирање цивили“ – Карим Кан – Обвинител на Меѓународниот кривичен суд.

Одлуката за апсење го става Нетанјаху на исто рамниште со рускиот претседател Владимир Путин, за кого исто така е издаден налог за апсење поради војната на украинско тло.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел „никогаш нема да прифати каков било обид на Меѓународниот кривичен суд да го поткопа неговото вродено право на самоодбрана“.

По издавање на налозите за апсење од обвинителот, следен чекор е разгледување на барањето, од страна на Совет на судии.

Петар Догов