Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

/

пред 682 дена

Сподели преку :

Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налози за апсељње на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот поранешен министер за одрбана, Јоав Галант и лидерот на Хамас под обвинување за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Ова е првпат Нетанјаху или било кој друг израелски функционер кој е обвинет од меѓународниот кривичен суд за војната во Газа која е во тек.

Во образложение на одлуката се наведува дека Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас, Мохамед Деиф за нападите на палестинската група на 7 октомври лани и за израелскиот геноцид во Газа. Израел во меѓувреме тврдеше дека го ликвидирал Деиф.

Судот ги обвини Нетанјаху и Галант, бидејќи тврди дека има разумни докази за верување дека двајцата имаат одговорност за предизвикување на масовна глад во Газа. Судот ги обвини дека Нетанјаху и Галант заеднички ја користеле „гладта како метод за војување“, мислејќи на израелското системско ограничување на снабдување со храна и хуманитарна помош во Појасот.

Обвинетите сега се меѓународно барани осомничени и државите, членки, на ИЦЦ имаат законска обврска да ги уапсат.

Израелски официјални лица го критикуваа тој потег, нарекувајчи го „антисемитски“.