Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓувладина седница Македонија – Косово во Приштина

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Денеска во Приштина ќе се одржи меѓувладина седница Македонија – Косово. Пред почетокот на седницата, премиерите Христијан Мицкоски и Албин Курти ќе имаат тет-а-тет средба, како и министерски средби помеѓу двете влади.

По официјалната церемонија, се предвидува потпишување на билатерални договори и меморандуми за соработка во различни области. Пред заедничката седница, Владата на Косово одржа виртуелна седница на која усвои две иницијативи за соработка со Македонија.

Првата иницијатива се однесува на склучување на „Протоколот за спроведување на Договорот за заедничките гранични премини“, а втората за потпишување на Меморандум за разбирање во секторот енергетика помеѓу Министерството за економија на Косово и Министерството за енергетика и рударство на Македонија.

Првата заедничка седница на двете влади беше одржана во Скопје во 2021 година, кога беа потпишани 11 договори и меморандуми за соработка.