Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мемов: Филипче да одговори дали е сопственик на фирми во Бугарија

/

пред 142 дена

Сподели преку :

Од партијата ЗНАМ го повикаа  Венко Филипче и раководството на СДСМ, да одговорат дали тој е сопственик на фирми во Бугарија.
„Според официјалните податоци од Трговскиот регистар на Република Бугарија, Венко Филипче е единствен сопственик и управител на компанијата „ПАУЪР АЙ8“ ЕООД. Како што може да се види од документите, Филипче е наведен како „Едноличен собственик на капиталот“ и како „Управител“ на оваа компанија. Седиштето на оваа компанија е во градот Петрич, на адреса булевар/улица „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ бр. 12. Интересно е што на истата адреса, „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ бр. 12 во Петрич, е регистрирана и компанијата „ГОМАСИДРА“ ЕООД, во сопственост на Вице Заев. Ова недвосмислено укажува на постоење на испреплетена бизнис мрежа на највисоките структури на СДСМ во соседна Бугарија“, рече Мемов.
Тој го праша Филипче дали „овие бизнис интереси, се причина за неговото инсистирање по секоја цена да се направат уставни измени под бугарски диктат?“.