Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во дебата на телевизијата Клан, изјави дека повеќе не е дел од Европскиот фронт.
- „100 дена се прекратки за правилно да се анализира работата на една влада. Причината зошто останав во Европски форнт е за да не ги пропуштам 100-те дена влада. Но, ете сега со ДПА повеќе нема да бидеме дел од Европскиот фронт“, рече Тачи.
Иако Мендух Тачи го напушти опозицискиот фронт, неговите доскорешни партнери немаат потврда дека тој ќе делува надвор од пратеничката група.
Тој рече дека ДУИ го поразила ВЛЕН во секоја смисла и нема сомнеж дека ДУИ е политичка сила во земјата.
- „ДУИ има бројки, има пратеници. ДУИ го победи ВЛЕН по бројност, по пратеници, по се. Но, не сакам да навлегувам во овие прашања бидејќи тие ќе мислат дека јас се занимавам со нив. Никој не може да ме убеди дека ВЛЕН е појак од ДУИ, никој. ДУИ може дури и да наметне некакво дејство за уставните амандмани затоа што мислам дека имаат капацитет и можат да изберат форма“, рече Тачи.
Шефот на албанската демократска партија, Мендух Тачи изјави дека актуелната Влада добила силен удар кога ЕУ ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција на земјата во ЕУ.
- „Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтегративните процеси, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и про-ЕУ ги поттикна Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Се покажаа против договорот од Преспа, против другите мировни договори, но сега видовме дека најсилниот удар за оваа Влада е одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ“, рече Тачи.











