Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мепсо или ЕСМ, остана да виси прашањето во чија надлежност е проблематичниот далноводот кој го остави РЕК со еден блок

/

пред 995 дена

Сподели преку :

По вчерашните препукувања на МЕПСО и ЕСМ кај кого е проблемот и кој треба да го реши, главниот извор на електрична енергија во земјава, РЕК Битола продолжува да работи со само еден блок на температури и неколку целзиусови степени под нулата и снег.

На мрежа е само блок број два. Дилемата под чија надлежност е проблематичниот далновод кој вчера се споменуваше во дописот од Мепсо не е решена.

Надлежните не откриваат ниту кога ќе се реши проблемот, ниту пак кога ќе може и другиот блок да се активира.

Единствено што се знае е дека екипите биле на терен. Нема информации ниту колку е зголемена потрошувачката на струја овие денови со оглед на тоа што температурите значително паднаа, ниту дали одредени потреби се покриваат со набавка на струја од трговците нешто што пред Нова година постојано се правеше.

Но, едно се знае дека РЕК Битола се труди да ги обезбеди потребните количини струја од само еден блок, додека единицата без никакви технички проблеми  стој исклучен.