Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Европа не е во војна, но веќе не е ниту во мир со Русија

/

пред 376 дена

Сподели преку :

Европа не е во војна, но „веќе не е ниту во мир“ со Русија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц..

– Ќе го кажам со една фраза што можеби ќе звучи шокантно: ние не сме во војна, но веќе не сме ниту во мир, рече Мерц на медиумски настан во Диселдорф.

Тој оцени дека војната што ја води Русија е „војна против нашата демократија и против нашата слобода“ и дека целта на Москва е да го подрие единството на Европската Унија.

Мерц потсети дека неодамна ја поддржа одлуката на ЕУ за користење на замрзнатите руски средства за финансирање на воената поддршка за Украина, нагласувајќи дека ова може да обезбеди помош за период од три до пет години. – Во тој период, економски може да стане невозможно за Русија да ја продолжи војната, истакна германскиот канцелар.