Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерц: Иран го надигра Трамп

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц остро ја критикуваше американската политика кон Иран, оценувајќи дека Доналд Трамп и неговиот тим биле „надиграни“ во преговорите.

Изјавата доаѓа по неуспешните разговори во Исламабад и дополнително ги продлабочува разликите меѓу САД и европските сојузници.

Техеран меѓувреме предложи нов пристап – отворање на Ормутскиот теснец како прв чекор, додека клучните прашања како нуклеарната програма и санкциите би се разгледувале подоцна. Планот наиде на критики на дел од американските аналитичари, кои предупредија дека нема правна основа за воведување такси за пловидба.

Во услови на американска контраблокада и длабока економска криза, Иран бара поддршка од Русија, додека оценките се дека Вашингтон можеби ја потценил отпорноста на Техеран.