Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерки за претпазливост за шестмина полициски службеници

/

пред 553 дена

Сподели преку :

Прифатен е предлогот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за опредлување мерки за претпазливост против шест лица – полициски службеници, кои попладнево беа спроведени и се произнесоа во судот во однос на предлогот на јавниот обвинител.

Мерките се одземање патна испара, забрана за напуштање живеалиште, јавување во суд, забрана за контакти со останати обвинети/осомничени и забрана за преземање одредени работни активности.

Телма беше објави дека еден веќе разрешен командир на полициската станица Кочани и пет пензионирани полициски службеници и началници се меѓу осомничените и приведени во проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Тие сите се осомничени за постапки во доделување на сообраќајни решенија за Пулс во минатото, за период од 2012-та до 2022-ра.

Половина од новосомничените полицајци се пензионери- од 59 приведени само двајца се актуелни функционери, а еден е полициски началник