Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мерките за штедење ги „смрзнаа“ студентите

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Мерките за штедење ги смрзнаа студентите. Студентските домови останаа без парно, а на студентите им е забрането да ги затоплуваат собите со сопствени греалки. И единствениот реновиран дом „Гоце Делчев“ функционира како и претходно низ годините.

Нема парно, лифтовите не работат, храна премалку. Не е дозволено да имаш ѓезве, пегла, решо, исклучени се и фрижидерите.Се прават проверки и дозволено е портирите да влегуваат во собите без наше присуство и да пребаруваат низ нашите работи со цел да најдат грелки.Не смееме да имаме греалки, а се мрзнеме.Некогаш за вечера имаме една зденка и едно јајце.Жално, а ние треба да сме иднината, вели студент од студентскиот дом Гоце Делчев.

Директорот на студентскиот дом се правда дека мора да ги почитуваат мерките за штедење кои важат во сите институции. Од надлежните нема ветување за топли соби во студените зимски денови, но има предупредување дека ако имаат пообемни оброци, тогаш и студентите ќе плаќаат поскапо. И покрај нивните поплаки, управата на студенскиот дом не планира да отстапи од владините препораки за заштеда. Директорот на студентските домови Велевски потенцира дека сите студентски домови штедат и ситуацијата насекаде е иста.

Економската и енергетската криза ги одложи плановите за подобри студентски услови. Иако пред неколку години беше ветено дека ќе се реновираат сите студентски домови и ќе се изградат неколку нови, тоа остана само желба. Реновиран е домот „Гоце Делчев”. Таму, новите дотерани простории, не им го подобрија студенсткиот живот на младите. Во меѓувреме, се појави и идеја кај властите за воведување на принцип за јавно-приватно партнерство, за менаџирање на студентските домови. Ова го потврдија и од министерство за образование кои сепак кажаа дека тоа нема да важи од оваа година.

Тамара Марковска