Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Метаморфозис: Дезинформациите во земјава доаѓаат од странски земји како што се Русија, Кина и Турција

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Потребно е надлежните институции да создадат рамка за превензија и казнување при ширење дезинформации, зашто тие влијаат на перцепцијата на граѓаните и на креирањето на јавното мислење.

Дезинформациите во земјава доаѓаат од странски земји како што се Русија, Кина и Турција, но се подржани и од домашните креатори на лажни вести.

А, домашните медиуми низ годините најмногу шират дезинформации, кршејќи го членот 1 од Новинарскиот кодекс зашто објавуваат непроверени информации.

Ова се дел од анализите искажани на денешната конференција „Справување со дезинформациите во Македонија“, што ја организираше Фондацијата Метаморфозис.