Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Пеналите кон „Бехтел и Енка“ постојат и треба да се платат до 6 мај

/

пред 1270 дена

Сподели преку :

Власта и опозицијата продолжуваат со препукувањата и обвинувањата околу договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ и проектот за изградба на Коридорите 8 и 10-д. Опозицијата тврди дека обврските на Владата веќе достигнале 230 милиони евра иако досега нема никакви работи на терен, од Владата потврдија дека се исплатени 117 милиони евра и дека тоа е согласно договорот кој засега речиси никој не го видел.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, кој има увид во договорот кој тврди дека му го доставиле свиркачи, останува на ставот тврдењето дека пенали ќе се плаќаат заради работната недела од 60 часа а до утре обврските на Владата кон Конзорциумот се двојно од она што е исплатено. За парите кои Владата ги исплати вели дека се за подготвителни работи

Министерот за транспорт и врски во изјава за МИА повтори дека законот за стратешко партнерство во Бехетл и Енка е јавно достапеб и дека таму е наведена програмата за финансирање и дека парите се од Буџет, кои министерството за транспорт и врски ги трансферира до ЈПДП а првиот трансфер кој е направен е во износ од 7,2 милијарди денари или 117 милиони евра.

Тој потенцираше дека овие средства не се пенали и дека Владата не е задолжена да плаќа пенали доколку не ги донесе најавените законски измени. Според Бочварски иако нема механизација на терен, реализацијата на проектот е почната со испитувања на терен и проектирање на трасата.

Бизнис секторот кој како подизведувач треба да учествува во изградбата на Коридирите 8 и 10-д со најмлку 51 отсто од ресурсите, работници и механизација, нема да ја има можноста да го добие договорот и ќе мора да преговара за условите директно со конзорциумиот „Бехтел и Енка“  кој веќе има отворено канцеларија во Скопје.

Од Владата нема одговор зошто Управувачкиот комитет и дебело платени консултанти не ги штитеа интересите на државата и преговараа за договор со две варијанти,м поефтина со закопнски измени и поскапа без законски измени.

Најавите дека прокетот ќе тежи 1,3 милијарди евра сега станаа само проценка и тоа воп најдоброто сценарио доколку поминат законоските измени.

Огнен Чанчаревиќ