Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицов со многу емоции пред утрешниот настап во МОБ: Се враќам на местото од каде заминав за САД

/

пред 1202 дена

Сподели преку :

По 12 години, нашиот единствен балетски уметник во САД, Марко Мицов, утревечер ќе настапи во Македонската опера и балет, во рамки на „Вечерите на класичен балет и современ танц“. Вели, има многу емоции пред настапот, зашто се враќа од каде што тргнал. На настапот ќе го придружува неговата колешка од балетската компанија во Милвоки, Маризе Фумеро.

„Имам премногу емоции. Поминати се 12 години и јас доаѓам од овој подрум кадешто моментално снимаме и сум премногу горд на тоа. Моментално сум професионалец, а отидов како студент. И сакам луѓето да ме видат што имам постигнато надвор од Македонија. Ќе се претставиме со дел од балетот „Боеми“ на Мајкал Пинк, на музика на Пучини, поточно се нарекува „Валцерот на Мезета“. Јас доаѓам со една од првенките на Балетот во Милвоки, Маризе Фумеро, која е од Куба“, изјави Марко Мицов, балетски уметник во Балетот во Милвоки.

Сотир Трајков