Собранието денеска ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска.
Таа поднесе оставка во петокот на 25 јули, откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна
Во собранието во саботата се комплетираат пријавите на кандидатите за избор на нов народен правобранител, кога ќе започне процедурата не се знае. На прашањето дали државата во изборен период ќе остане без прв Антикорупционер и Омбудсман, од ВМРО – ДПМНЕ велат сите си имаат заменици.
https://youtu.be/3Kgx0rS_1xI











