Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски и Филипче во жестока расправа за прислушувањето

/

пред 405 дена

Сподели преку :

На пратеничките прашања во Собранието продолжија препукувањата на релација власт и опозција. Кој прислушувал, дали законски или не, кој ќе одговара?!

Овие прашања засега се без одговор, а премиерот и опозицискиот лидер повторно во фокусот ја ставија декласификацијата на материјалите.

Опозицијата бара јавноста да има пристап до информациите кои засега остануваат доверливи, а од власта одговараат – друг одлучува за тоа.

„Премиере, мислам дека е исклучително голем јавниот интерес за да оставиме да поминува времето и да се работи случајот само во обвинителството, затоа што после па може да биде „на обвинителот му веруваме или не му веруваме“, како што имаше претходни такви сценарија“, кажа Венко Филипче, пратеник и претседател на СДСМ. 

„Еве ќе видите со тек на време, ако обвинителството си ја заврши работата како што треба да си ја заврши. Ќе видите како биле следени во двете служби. Еве, ќе видите вие. Јас не сум тој што дозволува да се класифицира или да не се класифицира господине Филипче, има други институции коишто го прават тоа, а не јас“, кажа премиерот Христијан Мицкоски. 

И во АНБ и во Агенцијата за разузнавање се занимавале со опозицијата, тврди премиерот и додава дека покрај тоа – следени биле членови на тогашната Влада.

Лидерот на опозицијата предупреди дека случаи поврзани со националната безбедност не смеат да се користат за меѓупартиски препукувања во предизборниот период и ја обвини власта дека се обидува да ја манипулира јавноста.

„Ќе ви кажам дека повторно некој ве носи „во длабоко“. Не знам зошто го дозволувате ова во континуитет. Еве, оставете ме мене, јас ви бил политички противник и решил таму некој „да се заигра“ малку повеќе – во ред, разбирам. Нема проблем. Но, во самата ваша Влада има луѓе што биле покривани. Тоа е поголемиот проблем за мене“, кажа Христијан Мицкоски, претседател на Владата. 

„Дополнително, сметам дека е сосема несоодветно да не им се дозволи на пратениците, чијашто законска улога, обврска и можност е да имаат надзор над работата на АНБ – тоа да не го направат, со изговор дека има започната предистражна постапка во Јавното обвинителство, имајќи предвид дека тоа се луѓе со сертификати“, кажа Венко Филипче, пратеник и претседател на СДСМ. 

Новото раководство на Агенцијата за национална безбедност обелодени сомнежи за незаконско следење на јавни личности меѓу кои и на премиерот Мицкоски додека бил во опозиција.

Но, покрај барањата за декласификација на документите, АНБ тврди дека се должни да ги „заштитат податоците, средствата, методите и изворите“ на Агенцијата.

Петар Догов