Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Македонија ќе има повисок БДП од првично проектираниот 1,8 проценти во 2024 година

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Три проценти раст на БДП во третото тромесечје е еден од показателите дека македонската економија се консолидира и тој тренд треба да продолжи и во последното тромесечје од годината со што годината би се заклучила со раст од близу 3 проценти, соопшти премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Според премиерот, сите индикатори покажуваат консолидација на домашната економија за која нагласи дека ја наследиле уништена од претходната владеачка гарнитура, а подобри бројки во третото тромесечје имаат само пет држави членки на ЕУ.

Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите трговија на големо и мало, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна, стручни, научни и технички дејности и административни и помошни услужни дејности.

Од опозициската СДСМ со реакција дека премиерот Мицкоски се фали со резултатите на економските политики на СДСМ во изминатиот период, а денешната прес-конференција била потврда за тоа. Оттаму се на ставот дека во 2025 година владеачката гарнитура ќе има далеку полоши резултати.

„Тоа што сега го зборува Мицкоски е резултат на тие добри економски политики на СДСМ и му благодариме за признанието. Сепак треба да знае дека неговиот резултат и политиките на оваа Влада на ДПМНЕ ќе се мерат наредната 2025 година, почнувајќи од првиот до последниот квартал. Тогаш јавноста ќе види што испорачал. Ако во првите 6 месеци гледаме целосно погрешни економски политики, граѓаните осиромашуваат а платите не растат и економските резултати 2025 година ќе бидат полоши“, велат од СДСМ.

Владата има дијаметрално спротивни очекувања од опозицијата во поглед на растот во 2025 година и смета дека ќе ги надмине проекциите на Светска банка кои се повеќе од поразителни. Клучот во успехот Владата го полага во реализација на средствата до унгарскиот заем и капиталните проекти во инфраструктурата.

Проекциите на Светска банка на почетокот на годинава беа раст од 2,5 проценти кои потоа беа намалени на разочарувачки 1,8 проценти. За следната 2025 година од Светска банка проектираат раст од 2,5 проценти кој е најнизок во регионот.

Огнен Чанчаревиќ