Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Мора да има кривична одговорност за сите инволвирани

/

пред 585 дена

Сподели преку :

Без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија, одговорност мора да има до последниот. Очекувајте дека нема да има милост, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Додаде и дека е потребна демонстрација на морална одговорност.

Мора да демонстрираме ние како политичари нешто различно нешто цврсто и принципиелно, кое ќе може да го совлада овој систем кој ја проголтува нашата држава и е главна пречка и главна закана и опасност за тоа дали оваа земја ќе преживее или не. Или ќе нè биде овој пат или како држава ќе престанеме да постоиме. Овој пат нема да има повлекување, беше дециден премиерот.

Мицкоски нагласи дека ги слушнал пораките од опозицијата и не сака, ккао што рече, да се политизира овој настан во смисла на тоа дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност.

Ова не е меѓупартиска битка ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, туку ова е битка на чесните против нечесните и корумпираните од сите партии и сите институции. Ова го зборувам за сите чесни луѓе во Македонија, и во ВМРО-ДПМНЕ, и во СДСМ, и во Вреди, и во ДУИ и во други партии кои искрено сакаат државата да има ред и поредок. Без разлика на идеолошките разлики мора да се стави крај на корупцијата и да се срозат корумпираните и раскалашени луѓе кои ги злоупотребуваат институциите исто како што тие го срозија и прегазија ова што денеска го гледавме, а тоа се нашите души. Ова е борба против чудовиште кое ја проголтува иднината на земјата и зема со себе жртви. Ни ги зема најмилите. И победата врз него е наша обврска, говореше Мицкоски на прес-конференцијара.