Премиерот Христијан Мицкоски денеска и утре ќе учествува на унгарско-македонски владин самит во Унгарија во рамки на кој предвидени се тет-а-тет средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан и билатерални разговори меѓу ресорните министри на двете влади.
По средбите, ќе следи заедничка седница на двете влади.
Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски и унгарскиот министер Петер Сијарто ќе потпишат акциски план за размена на експертиза, а на самитот ќе се разговара и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север-југ.
Во изминатите години, Унгарија ја потврди својата поддршка за евроинтеграцијата на Македонија, а премиерите Мицкоски и Орбан минатата година во Охрид ја истакнаа важноста на соработката за стабилноста на регионот.











