Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски најави намалување на данокот за најбогатите фирми

/

пред 796 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на данокот на добивка за фирмите што заработуваат над 50 милиони евра. Во моментов се анализираат приходите во буџетот. Премиерот смета дека со намалувањето ќе почнат да влегуваат повеќе пари по таа основа во буџетот. Во изминатата година, само пет фирми имале добивка поголема од 50 милиони евра – Џонсон Мети, трите најголеми банки – Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска банка и Јавното претпријатие за државни патишта.

„Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега. Сите мултинационални компании коишто планираат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас и таа добивка изнесува над 50 милиони евра, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. Ако сега е фиксно до 10 проценти, во овој случај ќе биде до 5 проценти. Затоа ги повикувам сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот тука“, изјави Мицкоски.