Пораки за среќа им испрати премиерот на коалиционите партнери од „Вреди„ и на опозициската „ДУИ„, откако едните се заканија дека ќе ја напуштат владата ако се донесе законот за бранителите, а другите најавија протести за укинувањето на балансерот.Пратеникот Халил Снопче во телевизиска емисија ја најави можноста да излезат од владејачката коалиција ако се укине Законот за употреба на јазиците и се донесе Законот за бранителите.
Премиерот беше со идентичен одговор и на прашањето за вчерашната изјава на Ахмети, дека ќе протестираат доколку се укине балансерот.
На пратеничката Славјанка Петровска, која, пак, го повика да постапат и со овој закон како што го сторија тоа со унгарскиот заем, и` порача дека не ги разбира собраниските процедури и дека тоа не зависи од него.
Предлог-законот за бранители е заглавен во Комисијата за социјална политика, откако претседателката на Комисијата, Илире Даути, од Алијанса за Албанците закажа седница, но не го стави на дневен ред.Тоа му послужи како оправдување и на спикерот Африм Гаши, да не закажува нова седница, затоа што е веќе закажана. За ова негово своеволно толкување, СДСМ ќе бара преиспитување.
За Движењето ЗНАМ, тоа што СДСМ не го донесоа законот кога беа на власт, а го предлагаат сега, е подметнување, а не чесна намера.
Тие го поддржуваат законот и ќе гласаат „за„ доколку стигне на пленарна седница.
Далиборка Демјанска











