Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Ова е заедничка победа, Македонија покажа зрелост, морам да признаам дека не сум среќен поради дебаклот на СДСМ

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина, ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се боревме, неговите надежи и наѓата заедничка татковина, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Вечерва Македонија повторно покажа зрелост. Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце. Победивме во скопски Карпош, победа и во Аеродром и во Чучер Сандево. Беше жилава борба, тешка борба, со многу предизвици, се одлучуваше во 5 до 12. Знаете дека, не заслужува ниту името да му го спомнам, тој противкандидат се обиде да профитира на името на националните поделби, на етничките поделби. Не успеа, поразен е, Брвеница останува Јоцо градоначалник. Победивме и во Валандово, во Дојран и во Крушево кои досега имаа градоначалници од СДСМ. Победивме и во Кочани, во нашето Кочани кое мора да го издигнеме и поткрепиме. Но, мора да соопштам и признам една посебно силна порака која доаѓа од нашето Кичево. Падна Фатмир Дехари, падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот“, рече меѓудругото Мицкоски.

Додаде дека изборниот резултат е порака до СДСМ.

„Морам да признам дека не сум среќен поради нивниот дебакл, но тоа е одраз на реалноста дека оваа партија не се реформираше и не фати чекор со времето“, смета Мицкоски.

С.Д.