Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски смета дека се потребни промени во Законот за полиција за да се спречат инциденти како тој во гостиварско Галате

/

пред 780 дена

Сподели преку :

„Ова се изолирани инциденти, и ќе има уште вакви“, рече денеска премиерот Мицкоски по инцидентот во гостиварското село Галате, кога дојде полицијата додека жителите самоиницијативно почнаа да го расчистување на дворот на црквата Св. Петка.

  • Вие ја слушнавте изјавата на Владиката, кој се оградува од ваквите од инциденти, жителите на село Галате исто така се оградуваат, а она што е интересно на социјалните мрежи излегоа слики на некои лица кои се во друштво на политички активни ликови. Ако се земе предвид поддршката политичка во Врапчиште, но и полициската структура во СВР Гостивар, тоа е дел од оној фолклор да се сее етничка нетрпеливост, ваков тип на инциденти ќе има, затоа што не можеме ние како влада, имајќи ги во предвид последните промени во Законот за полиција, не може да се случат промените во раководните структури. Ќе мора за следните 2-3 месеци да се случи измена на тој Закон, и да има измена во тие раководни структури, за да можеме реално да ја имаме ситуацијата под контрола. Немајте дилема дека криминалните стурктури во минатото, ќе прават вакви инциденти во блиска иднина. Самите жители на Галате го отфрлија ова, самиот Владика го отфрли сево ова, апелирам сега кога државата оди во нагорна линија, граѓаните да не наседнуваат на вакви провокации, рече Мицкоски.

Од МВР и од Обвинителството демантираа дека имало издадено наредба за приведување. Велат дека постапувале по пријава од Општина Врапчиште.

Црква запалена и напуштена од виорот на војната во 2001 ги спротивстави околните жители на селото Галате со истражните органи

(ВИДЕО) Запрена изградба на црква во Галате со интервенција на полицијата