Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: НАТО ќе биде известен за однесувањето на бугарските европратеници по гласањето во АФЕТ и барањето за „модерен“ македонски јазик и идентитет

/

пред 488 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека било очекувано некои европратеници, особено бугарските и грчките, да не го подржат извештајот на Вајц, но смета дека на овој начин светот и Европа виделе дека „не станува збор само за стотина луѓе во Уставот, туку за нешто многу подлабоко“.

Македонската јавност, според Мицкоски, увидела дека тврдењата за бетониран идентитет не биле целосно точни. Премиерот по гласањето и барањето за „модерен македонски јазик и идентитет“, предлог кој беше поддржан и од Европската народна партија ЕПП, најави дека ќе биде известен и Хашкиот суд, но и НАТО за да се увиди дали однесувањето на земја членка на Алијансата има влијание и врз регионалната безбедност.