Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Внесувањето на Бугарите во Устав не е нивното единствено барање

/

пред 279 дена

Сподели преку :

Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде единственото барање на источниот сосед на патот кон ЕУ, туку комплето редефинирање на македонскиот идентитет смета премиерот Христијан Мицкоски. Доказ за тоа, според него е последната реакција од Бугарија во која македонскиот јазик беше именуван како јазик достапен за граѓаните и институциите во земјава.  Ова следеше по информацијата дека Бугарија била единствената земја-членка на ЕУ која имала забелешки за  Акцискиот план за правата на малцинствата доставен од Македонија до ЕУ поради тоа што бил напишан на македонски јазик.

„Мене тоа не ме чуди. Не знам дали некој воопшто го чуди во државата.  Само ги потврдуваат тезите за кои ние одамна реагираме, а тоа дека дека Бугари во устав не е нивното единствено барање, туку комплетно редифинирање на македонскиот идентитет, порача македонскиот премиер Христијан Мицкоски.“

Мицкоски притоа упати и порака дека народот без разлика дали е во власта или во опозицијата за некои прашања треба да бидат обединет. Притоа во истовреме упати критика и и подаде рака на опозицијата.

„Жалам што претходната влада влезе во една ваква авантура и го заглави евроинтеграцискиот процес, жалам што тогаш го прифати ултиматумот од нашиот источен сосед, наместо да не послуша и тогаш, но еве повторно апелирам до опозицијата подадена е раката, исправена е раката треба да ги напуштат оние тези што ги слушаме во јавноста и да застанат конечно во одбрана на македонските национални интереси, вели Мицкоски.“

Бугарија  негираше дека го спорела документот и дека јазикот на кој е напишан е внатрешно прашање и не е тема на билатералните односи, но во рекацијата никаде не го именуваше јазикот како македонски.

Притоа упатија и обвинувања дека Македонија постојано настапува со тези кои суштински се разликуваат од европскиот консензус постигнат во 2022 година, потсетувајќи дека Акцискиот план е чекор кој ќе следи по вклучувањето на Бугарите во Уставот, по што земјава ќе може да ги отпочне пристапните преговори.

Подготвувањето на документот започна во 2023 година, а беше финализиран во последните шест месеци од 2025 и е изработен на македонски и на англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија.

Марија Митевска